Ни риба јал ни риба мирисал…
На бакшиш заб коњи не се гледаат…
Кој рано рани сам во неа паѓа…
Кој на друг гроб му копа две среќи граби…
Рани кромид да те лае…
Брат брата не рани лебот 20 денари тешко кој го нема…
Ни риба јал ни риба мирисал…
На бакшиш заб коњи не се гледаат…
Кој рано рани сам во неа паѓа…
Кој на друг гроб му копа две среќи граби…
Рани кромид да те лае…
Брат брата не рани лебот 20 денари тешко кој го нема…
Политиката е курва – нели… тогаш ние сме најголемите нимфомани на третиот свет.
Овде бачко секој кој е пишман што се родил, со полотиката кокетира, мастурбира, пенетрира, ејакулира… во политиката еректира и она опозитното….
Тука се и интелектуалци, и музичари, и гулабари, и селски коцкари, и незаситени амбиции, и аситени фрустрации…
И сите тие лица во fade-out додека смислуваат секој свое објаснување и варијации на тема бољи живот…едноставно сите заборавиле да живеат…па тоа не е целокупниоста на сите наши дејанија додека си играме брканица со подобрите од нас…напротив тоа е сета онаа неподнослива леснотија на живеењето која туку-така поминува покрај нас одмерувајќи ја со бледи погледи… И како што жена глуми оргазам, а маж врска…така ние сите заедно како во групен портрет, успешно си го одглумуваме нашиот живот…
И зошто е сиот овој џез околу политиката, во нашите глави, сите медиуми, и редиците домови на асвалтот? И онака сме граѓани на светот – другото прилично ќе потрае.
Дотогаш сепакл на нас останува да решиме што ќе правим со курвата?… дали ќе разговараме со неа цела вечер – или пак сето друго останато…
Ете и јас решив да станам блогер.
Шарав по македонските блогови да ѕирнам за што отприлика се пишуе ама видиш работата е толку амплитудна што ке мора да си одредам сам правец и да не земам урнек од никого досега оти претежно сите се некако фанатички расположени, кој за црквине, кој за политиката, кој за идеологии…
Јас сум за текстови глупави и лесни, кои те одмараат, кои не те депримираат додатно, кои те прават урбано дете, кои се дешаваат на асвалт, кои ги чади дим од градски сообраќај кои дишат чад од цигари и пури, кои имаат вкус на пресно печени бадеми и џони без мраз, кои звучат како take five, кои заспиваат со sax for sex…
Животот е убав пред се…нели?!